Ново изненадување во најлудата група, Костарика ја победи Јапонија со еден шут на гол (Видео)

Ново изненадување се случи во најлудата група Е на Мундијалот во Катар, а Костарика ја победи Јапонија со единствениот удар во рамки на гол.

Јунак на Костариканците е Кејшер Фулер и тој го постигна единствениот гол на мечот што можете да го погледнете ОВДЕ.

Селекцијата на Јапонија која го направи чудото во првото коло во оваа група со триумф од 2:1 против Германија сега пропуштија шанса со триумф речиси сигурно да си обезбедат настап во осминафиналето.

Костарика го даде првиот погодок во Катар, откаково првото коло претрпе катастрофа од 0:7 против Шпанија.

Вечер од 20 часот се игра дербито меѓу Германија и Шпанија и ако четирикратниот светски првак ја победи Црвената фурија тогаш сите три селекции би имале по три бода пред стартот на последното коло во Е групата.

 

- Оглас -

Најнови вести