Социјалните мрежи и тинејџерите – добра или лоша врска?

Девојчињата и момчињата се поранливи на негативните ефекти од социјалните мрежи во различни периоди од тинејџерските години, според истражувањето објавено од страна на меѓународен тим научници, вклучително и експерти од Интернет институтот во Оксфорд.

Студијата е објавена на 28 март 2022 во списанието Nature Communications и податоците од Англија покажуваат дека кај девојчињата постои негативна корелација помеѓу користењето на социјалните мрежи и општото задоволството од животот на возраст од 11-13 години, додека кај момчињата тоа се случува подоцна, на 14-15 години. Зголемената употреба на социјалните мрежи, исто така, предвидува дека истите тинејџери ќе бидат помалку задоволни во животот кога ќе станат возрасни, по 18-тата година.

figure 3
Графикон од истражувањето објавено во Nature Communications

Ова сугерира дека чувствителноста на користењето на социјалните мрежи може да биде поврзана со развојните промени, т.е. пубертетот и можеби со промените во структурата на мозокот, кој се јавува подоцна кај момчињата отколку кај девојчињата.

Социјалните медиуми го променија начинот на кој младите го поминуваат времето, споделуваат информации и разговараат со другите. Ова доведе до широко распространета загриженост за потенцијалното негативно влијание на истите. Сепак, дури и по долгогодишно истражување, сè уште не постои научен доказ за тоа како социјалните медиуми влијаат на квалитетот на животот.

Тимот ја истражувал врска помеѓу употребата на социјалните мрежи и задоволството во животот. Заклучокот е дека зголеменото користење на интернетот кај тинејџерите предизвикува помало задоволство од животот подоцна. Сепак истражувачите признаваат дека прашањето е комплексно и зависи од многу повеќе фактори за кои се надеваат дека во иднина ќе ги истражат повеќе.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *