Меџити: Од ДУИ сите бегаат како од корона

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Лидерот на Демократското движење Изет Меџити денеска во изјава за медиумите порача дека од ДУИ сите бегале како од корона.

„Од ДУИ бега и ВМРО-ДПМНЕ, од ДУИ бега и Максим Димитриевски, не сака Влада со нив“, порача Меџити.

Тој вели дека иако од партијата „рипале со изјави сепак не сакаат ништо друго само да бидат со ВМРО-ДПМНЕ наредните четири години“.

Во однос на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски истакна дека има партии од турска, бошњачка и други етнички заедници, а за да биде цела сликата му треба и албански партнер.