Како што додаваат од полицијата, кај него биле пронајдени и одземени прашкаста материја и пиштол „берета“ за кој не поседувал дозвола
Рано утринава во 01.15 часот на улица Втора Македонска бригада во Скопје, на паркинг пред спортска сала, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Н.Ј.(47) од Скопје, информираат од МВР.
Како што додаваат од полицијата, кај него биле пронајдени и одземени прашкаста материја и пиштол „берета“ за кој не поседувал дозвола.
По документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.