Бостон немилосрден кон Кливленд (ВИДЕО)

Кошаркарите на Бостон поведоа против Кливленд во полуфиналната серија од Источната конференција во НБА лигата.

Во првиот меѓусебен меч Бостон славеше со 120-95, предводен од Џејлен Браун со 32 поени и шест скока, и Дерик Вајт со 25 поени и пет асистенции, од кои постигна седум тројки од 12 обиди.

Џејсон Тејтум допринесе на победата со 18 поени и 11 скока, а Причард заврши со 16 поени. Во тимот не беше Порзингис кој поради проблеми со листот пропушти и втор едноподруго натпревар.

Кај Кливленд најефикасен беше Донован Мичел со 33 поени, дополнети со шест скока и пет асистенции.

Се вчитува...