„Дебелиот“ Роналдо ја донесе една од најтешките одлуки во својот живот

Роналдо Назарио, или „дебелиот“ Роналдо, беше еден од најдобрите напаѓачи во свое време, но и воопшто во историјата на фудбалот. По завршувањето на фудбалската кариера, влезе во бизнис и поседува неколку фудбалски клубови.

Еден од нив е бразилски Крузеиро, клубот кој го лансира во сениорскиот фудбал и преку кого се пресели во Европа. Роналдо објави дека го продава мнозинскиот пакет акции на Педро Лоренцо, бизнисмен кој поседува хипермаркети. Веројатно Бразилецот тешко ја донел оваа одлука бидејќи во 1994 година токму од Крузеиро направи трансфер во ПСВ, а сè понатаму е историја.

Роналдо за Крузеиро своевремено одигра 58 натпревари, на кои постигна 56 гола. Освен Крузеиро, Роналдо го поседува и шпанскиот Ваљадолид, кој е на добар пат да се врати во Ла Лига.

- Оглас -

Најнови вести