Од борец за „Северна“ до патриот кој го напушти СДСМ – кој е Максим Димитриевски?

Од борец за „Северна“ до патриот кој го напушти СДСМ – кој е Максим Димитриевски?

Од борец за Северна и меѓу првите другари на Зоран Заев во промената на името, до патриот кога го напушти СДСМ. Накратко објаснето тоа е профилот на Максим Димитриевски, градоначалник на Куманово и кандидат за претседател на Македонија од неговата партија ЗНАМ.

Пред само седум години гордо повикуваше да се гласало на реферндумот за Македонија да ја добие и кованицата Северна.

Сите ние сме исправени пред историска одлука. А тоа е референдумот. На оваа генрација на луѓе им падна тежината на таа одлука. Ова не е одлука за Максим, за Заев или Христијан, кој што молчи. Ова е одлука на вас, за вашите и нашите деца. Убеден сум дека на 30-ти овде ќе ја славиме победата на граѓаните на референдумот – рече Димитриевски.

Но работата се смени, кога Максим Димитриевски беше исклучен од СДСМ од страна на поранешниот премиер Зоран Заев.

Излегувате од СДСМ и одите како независен кандидат, Максим Димитриевски се одлучи за тоа. Максим тргна против Максим и СДСМ на првиот централен одбор треба само да го констатира тоа што Максим Димитриевски го направи, односно тоа е исклучување од СДСМ – изјави во една прилика поранешниот премиер Зоран Заев.

Откако ја раскина љубовта со СДСМ кај Максим Димитриевски се разбуди патриотскиот дух, па на социјалните мрежи објави и видео како пее патриотска песна.

Дали за рејтинг, дали за нешто друго непријател најде во Бугарија, па прво реши да му го врати на Красимир Каракачанов орденот кој го доби од човекот кој целосно ја негира Македонија, Македонците и воопшто македонскиот идентитет. Орден кој го доби во 2018-та година.

Ова јас ќе го спакувам во коверт и ќе му го испратам со едно протестно писмо на господинот Каракачанов во Министерството за одбрана на Република Бугарија. Верувам дека овој гест ќе го подосвести да не ги повторува истите грешки и тези – изјави Димитриевски.

Разбудениот патриотизам Димитриевски реши да го презентира и во соседна Бугарија. Човекот кој повикуваше на промена на името, сега се претставува како најголем Македонец.

Секогаш пред избори, во предизборниот период, особено тука во Бугарија, името на Гоце Делчев се користи како предизборна кампања, се собираат предизборни поени. А дали сакаме да одиме напред, да секако, а Гоце Делчев е симбол на македонизмот, Гоце Делчев е Македонија и Македонија е Гоце Делчев. Гоце Делчев самиот за себе кажува што е – изјави Максим Димитриевски.

Сепак Максим Димитриевски не заборава на својата стара љубов. После победата на локалните избори во Куманово во 2021-ва, реши да каже дека секогаш бил и ќе биде СДСМ, но во моментов немал исти ставови со актуелното раководство.

Сум од редовите на СДСМ, јас сум член и симпатизер на СДСМ, за тоа ќе рапсраваме допрва во идното време, но можам само да испратам порака, она што го направија моите другари – рече Димитриевски.

Димитриевски сега има амбиција фотелјата од Куманово да ја замени со онаа од Вила Водно и да биде претседател на државата. Ветува дека немало потклекнува пред соседите.

Максим Димитриевски, беше дел од СДСМ до 2021-та година. Реши да ја напушти партијата откако Заев одлучи да оди на локалните избори со друг кандидат, отиде како независен и успеа да му ја земе победата на СДСМ во Куманово, градот кој важеше за бастион на оваа партија.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста