Мерките што претходниот период ги спроведуваше Владата на Македонија станаа пример за владите во регионот во пристапот на намалување на стапката на инфлација. Со месеци имавме гарантираната цена, а замрзната е и трговската маржа за одредени прехранбени продукти. Сега, таква мерка презема и владата на Црна Гора. Владата на Црна Гора донесе одлука за ограничување на маржите за повеќе од 500 основни прехранбени производи и средства за хигиена, а мерките ќе се применуваат два месеца, односно од крајот на март до крајот на мај.

Минималната маржа на големо би била еден, додека максималната маржа во трговијата на мало би била 15 проценти со цел да се заштити стандардот на граѓаните од налетите на ценовните шокови. Во последните три години цените на храната во Црна Гора се зголемени за 43 отсто, покажуваат официјалните статистички податоци, па сега тамошната влада на некој начин „позајмува“ мерки од Македонија со цел да го намали брзиот раст на цените на основните продукти.