Познати Спомнала неколку имиња

Слаѓана Милошевиќ оставила тестамент: Знаела дека нема да се спаси од болеста, па напишала важно правило

Слаѓана се бореше со неколку здравствени проблеми, а она што долго време ја мачеше беше Сјогренов синдром, кој е хронично, воспалително, автоимуно ревматоидно заболување кое се манифестира со суви очи и сува уста.

Слаѓана Милошевиќ оставила тестамент: Знаела дека нема да се спаси од болеста, па напишала важно правило

Авангардната уметница Слаѓана Милошевиќ почина на 69-годишна возраст во Земунската болница, а како што пренесуваат медиумите рок-иконата напишала тестамент со оглед на тоа дека била многу свесна за состојбата во која се наоѓа.

Имено, Слаѓана се бореше со неколку здравствени проблеми, а она што долго време ја мачеше беше Сјогренов синдром, кој е хронично, воспалително, автоимуно ревматоидно заболување кое се манифестира со суви очи и сува уста.

– Слаѓана спомна неколку имиња во тестаментот, тоа беа луѓе кои многу ги сакаше. Таа беше добра со сите, а само некои сакаше многу. Знаеше дека не може да излезе од канџите на болеста, па сакаше некои работи да бидат познати и по нејзиното заминување. На лист хартија напишала дека само нејзините пријатели можат да ги носат нејзините креации и работи и дека никој друг не може да ги допре! Тоа навистина ми носи солзи во очите. Таа не се грижеше за други работи. Знаеше дека е мирна со се што се случува, без разлика што можеби нејзината состојба ќе беше подобра доколку лекарите ја третираа правилно и со поголемо внимание. Тоа беше навистина страшно. Таа навистина се пожали, но се погрижи и да ги протурка сите прегледи, за никому да не биде товар, откри познаник на пејачката за српските медиуми.

Најнови вести од Познати

To top