Поврзете се со нас

Шпанија

Барселона го договори првото засилување за наредната сезона (ВИДЕО)

Објавено

на

foto:www.facebook.com/realbetisbalompie

Барселона нема добра сезона со оглед на тоа што истата ќе ја заврши без ниту еден освеон трофеј, па повеќе од јасно е дека тимот ќе претрпи одредени промени во летниот преоден рок.

Шпанскиот великан има неколку желби, позиции кои сака да ги подобри засили, а една од нив последен играч за врска, позиција која не е соодветно пополнета по заминувањето на Серхио Бускетс. Финансиските проблеми кои го донесоа експериментот со Ориол Ромеу не го даде посакуваниот ефект и сега таа позиција ќе се засили со квалитетен фудбалер, па се споменуваа Јозуа Кимих, Мартин Зубименди, Амаду Онана…

Меѓутоа Барса според информации веќе договорила фудбалер за тој дел од теренот, ама истиот ќе биде замена за Ромеу кој ќе биде продаден, вратен во Џирона.

Се работи за аргентинскиот репрезентативец, Гидо Родригез кој ќе слета на „Камп Ноу“ како слободен играч, Тој веќе четири години е дел од Бетис, договорот му завршува на 30 јуни, ситуација која Барселона ќе ја искористи за да го доведе како опција плус, освежување на средината која е проблематична.

Се работи за двегодишен договор со опција за уште една година. Родригез потекнува од школата на Ривер Плата, а во својата кариера освен во татковината и Шпанија има настапувано во Мексико.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни