Фудбалерите на Њукасл испишаа историја за својот клуб, откако успеаја да освојат трофеј после пауза од цели 70 години. „Страчките“ со 2-1 го победија Ливерпул во финалето од англискиот Лига куп и за првпат во својата историја го освоија ова натпреварување.
Брн во 45-тата и Исак во 52-рата минута беа стрелци за Њукасл, додека Ливерпул со голот на Кјеза во 94-тата минута само го намали резултатот на 2-1.
Њукасл во својата историја четирипати бил шампион на Англија, но последната титула им е во 1927 година. Еден трофеј имаат од Супер купот на Англија, но од 1909 година, а најмногу трофеи освиле во ФА купот, шест, но поседната датира од 1955 година.
Од друга страна, Ливерпул го загуби трофејот која го освојуваше 10-пати во историјата, но и двапати во последните три години.