Поврзете се со нас

Skopje Global

Западен Балкан

За Македонија-810 милиони евра од Фондот на ЕУ

За Македонија-810 милиони евра од Фондот на ЕУ

Европскиот Парламент деновиве, со големо мнозинство, го прифати најновиот финансиски план на Европската комисија (ЕК) за забрзан развој на Западен Балкан. Станува збор за доделување  шест милијарди евра, за државите  од регионот што треба да помогнат за нивното подготвување за влез во ЕУ.

Притоа, за прв пат од Брисел е  определен и рок од најмалку четири години, за користење на овие пари, за да може- веќе  од 2028 година- некоја од земјите во регионот да биде примена во Унијата-  како  полноправна членка.

Големината и висината на БНП

Засега, нема официјално објаснување како ќе се распределуваат овие пари и посебно  не се знае-која земја на колку средства ќе може да смета во следните години.

Неидентификувани дипломатски извори, сепак, имаат изјавено за  западнобалкански медиуми дека шесте милијарди би се распределувале според големината ( бројот на населението), како и според висината на БНП на секоја од шесте  земја- кандидати (вклучувајќи го и Косово).

Според овој извор, а и според моменталната ситуација на теренот, најмногу од овие пари ќе одат на Србија како најголема земја во регионот. Проценка е дека Белград би требало да смета на 1,6 милијарди евра. Потоа би следувале БиХ ( со 969 милиони) и Албанија (со 924 милиони) евра.

Нема автоматизам

Република Северна Македонија , гледано низ една ваква шема, може да смета и да очекува барем 810 милиони.

Станува збор за износ што е многу поголем од досегашните средства што ЕУ ги определуваше за земјата , која има статус на земја-кандидат. Мскедонија изминатата есен успешно ја заврши скрининг етапата на патот за отворање на преговарачките поглавја и влез во Унијата.

За најмалата земја-кандидат Црна Гора се предвидуваат 388 милиони.

Излегува дека за Србија се предвидува една третина од шесте милијарди, но дипломатскиот извор инсистирал дека во сето ова- кога станува збор за сите земји од Западен Балкан-нема никаков атоматизам. Висината на добиените пари ( определени како грантови и како мошне поволни кредити) ќе зависи од проценката на ЕУ за тоа дали земјите- претенденти на овие средства, ги исполнуваат договорените реформи.

Исполнување на реформите и договорите

Во случајот на Србија тоа е нормализацијата на односите со Косово ( што се однесува и за однесувањето на Приштина( кон она за што двете сттани се имаат спогодено во Брисел, а потоа и во Охрид, во март минатата година.

За властите во Белград како обврска стои и инсистирањето на Брисел дека српската страна ( конечно) ќе мора да ја усклади својата надворешна политика со онаа на ЕУ.

Македонија, на пример, мора да ги реализира и договорените уставни реформи, за да почне со отворање на преговарачките поглавја.

Со големи предизвици  и сериозни обврски се соочува  БиХ, која никако да стане функционална држава, како и Албанија, па и една Црна Гора, која подолго време стагнира на патот за Европа, соочувајќи се со последиците од постизборната политичка криза и мешањето на Србија и Русија во нејзините внатрешно-политички состојби.

Првите пари пред одморите ?

После прифаќањето на планот на ЕК во Европскиот Парламент, останува за него (формално) да се согласи и Советот на министрите на ЕУ, предвиден за 7 мај, но во Брисел се верува дека целата работа околу формалноста веќе се смета за завршена.

Тоа значи дека првите  уплати на сметките на државите-кандидати се очекува да „легнат“ пред сезоната на летните одмори во ЕУ.

Особено што сите зенји веќе ги имаат доставено предлозите за реформирање во пет клучни области- владеење на правото и на деловната клима и развојот на приватниот сектор, на човечкиот капитал, како и на енергетската и „зелената“ транзиција и на дигиталниот сектор.

По одобрувањето на сите програми од страна на Европската комисија, првите седум отсто од парите веднаш се уплатуваат. Другите се врзани за спроведување на реформите.

 

Понатаму
Повеќе на оваа тема
Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Повеќе во Западен Балкан

Горе