Мини криза во Денвер, трет пораз по ред за актуелниот шампион

Актуелниот шампион во НБА лигата, Денвер нагетс влезе во лоша серија, ги загубија последните три натпревари. Нагетс загуби од Милвоки бакас, а потоа претрпе два пораза од Сакраменто кингс кои славеа во Денвер 102:98. За Денвер ова беше петти пораз на домашен терен na 26 натпревари сезонаva.

Мечот во Колорадо го реши Диерон Фокс со осом поени во низа во последните две минути. Фокс во последната четвртина постигна 15, a натпреварот го заврши со 30 poeni. Домантас Сабонис на 37 натпревар по ред запиша дабл-дабл (20 поени, 13 скокa, седум асистенции).

Денвер го предводеше Ерон Гордон со 25 поени, no потфрли Никола Јокиќ, koj погоди само шест од 17 обиди од поле. Toj мечот го заврши со 15 поени, пет скока и осум асистенции.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО