“ПРИЈАТЕЛИ КОИ ДОАЃААТ ОД ДАЛЕКУ“: Погледнете што им подарија кинеските медиуми на нивните колеги од Србија/ВИДЕО

4806
Фото: screenshot video M.Stevanović

Бројни медиумски екипи од Кина пристигнаа во главниот град на Србија неколку дена пред доаѓањето на кинескиот претседател Си Џинпинг, со цел да ја придружуваат неговата важна посета на Србија и Белград.

Голем број кинески медиумски тимови денеска беа и во Палатата Србија, каде беше приреден свечен пречек на кинескиот претседател, по што следеше средба со српскиот претседател Александар Вучиќ, пленарни средби на двете делегации, како и потпишување и размена на важни договори за Србија и Кина и обраќање до медиумите.

На ковертот во кој бил спакуван подарокот за српските медиуми пишувало: „Пријатели кои доаѓаат од далеку“, со специјално испишан денешниот датум.

Поштенските марки отпечатени за оваа прилика се резултат на соработката меѓу Кинеската медиумска групација и Кинескиот културен центар во Белград. На марките се претставени мотиви на културата Хемуду и Винча, како и брзата пруга меѓу Белград и Будимпешта, која е во изградба, како пример за соработка во рамките на иницијативата „Појас и пат“.

„И Кина и Србија се земји со долга историја и уникатна култура. Овие две земји се вистински пријатели кои поминале низ подеми и падови, споделиле добро и лошо, добри партнери кои работат заедно за развој и просперитет и другари кои се стремат кон правдата и одбраната на она што е исправно. Во јуни 2016 година, кинескиот претседател Си Џинпинг за прв пат ја посети Србија, со што започна сеопфатно стратешко партнерство меѓу Кина и Србија Србија сигурно ќе се зајакне и ќе блесне уште посилно“, се вели на задната страна на каталогот со поштенски марки.