Вести Свет Топ вести

Западот повикува на деескалација на тензиите на Блискиот исток и подготвува санкции за Иран

Министрите на седумте најразвиени земји денеска во Италија подготвуваат нов пакет санкции за Иран. Шефовите на дипломатиите на Британија и Германија денеска во Ерусалим на средба во израелските власти со барање за деескалација на тензиите на Блискиот исток. Ердоган пак ги обвини западните лидери на дволичност.

Западот повикува на деескалација на тензиите на Блискиот исток и подготвува санкции на Иран, додека турскиот претседател ги критикува европските лидери за дволичност. Камерон и Баербок отпатуваа во Ерусалим и на израелскиот претседател Исак Херцог му порачаа да не му се одмаздува на Иран зашто тоа го турка Блискиот Исток во регионална војна. Шефот на британската дипломатија го притисна Израел да го заузди обемот на својот одговор и да донесе „паметна, но и цврста“ одлука. Камерон ја нагласи потребата да се „рефокусираат“ дискусиите за војната во Израел, враќање на заложниците и доставување итна хуманитарна помош во Газа. По Израел негова идна станица е Италија каде на собирот на министрите на Г7 ќе се заложи за координирани санкции кон Иран.

  • Па, сакаме да видиме координирани санкции против Иран. Британија на многу начини го предводи патот со нашиот нов режим на санкции, санкционирајќи десетици луѓе во Иран, санкционирајќи ја ИРГЦ во целост. И мислам дека можеме да направиме повеќе за да покажете обединет фронт дека Иран стои зад толку многу злонамерни активности во овој регион, поддржувајќи го Хамас, поддржувајќи ги Хутите, тие треба да добијат јасна, недвосмислена порака од Г7, рече Дејвид Камерон, министер за надворешни работи на Обединетото кралство.

Додека Херцог е задоволен од солидарноста која му ја покажаа шефовите на дипломатиите на Британија и Германија, турскиот претседател Ердоган обвини за двојни аршини и истакна дека Нетанјаху е број еден одговорен за тензиите. Според него, Нетанјаху ги ризикува животите и на своите граѓани и на луѓето во регионот за да го продолжи својот политички живот.

  • Израелското таргетирање на иранската амбасада во Дамаск, кршејќи ги меѓународните закони и Виенската конвенција, беше последната капка. Освен неколку земји, никој не реагираше на агресивниот став на Израел кој ги погази меѓународните практики. Оние кои молчеа кон Агресивниот став на Израел веднаш побрза да го осуди одговорот на Иран, рече Реџеп Таип Ердоган, претседател на Турција.

За време на воената парада во Техеран, иранскиот претседател предупреди дека „најмалата инвазија“ на Израел ќе донесе „масовен и остар“ одговор. Дека предходната операвија била во ограничени размери.

  • Операцијата „Вистинско ветување“ беше ограничен потег, а не обемен и сеопфатен. Ако тоа беше обемен и сеопфатен напад, поддржувачите на ционистичкиот режим ќе видат дека ништо нема да остане од тој режим, рече Ебрахим Раиси, претседател на Иран.

Но Израел не исклучува воена акција, министерот за одбрана Галант пред војниците, рече дека земјата ќе знае како да ги победи своите непријатели доколку конфликтот на Блискиот Исток дополнително ескалира. Галант рече дека Иран нема способност да ја одврати израелската војска. Неговите коментари доаѓаат откако израелските власти станаа тивки, кога и како ќе одговорат на главно спречениот напад на Иран викендов. Нападот се случи на помалку од две недели по израелски напад во Сирија во кој беа убиени двајца ирански генерали во конзулатот.

Билјана Ставрова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Астра Зенека призна дека нејзината вакцина против Ковид-19 може да предизвика несакани ефекти

Дејан Дејан

Тошковски: Љупчо Палевски ќе биде екстрадиран најбрзо што може

Дејан Дејан

Земјотрес од 4,3 степени утрово во Србија

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе