Откако го замени Мурињо, Де Роси прави чуда со Рома

Рома се пласираше во полуфиналето од Лигата на Европа, откако во двомечот против Милан два пати славеше и тоа со 1:0 и 2:1. Со овој успех, Рома ја проолжува одличната форма во која тимот се наоѓа неколку месеци.

Најзаслужен за ова фудбалско препородување на Рома е тренерот Даниеле Де Роси. Докажан како играчка легенда на Волчицата, Де Роси доби шанса да седне на клупата и тоа на местото на Жозе Мурињо.

Малкумина веруваа дека Де Роси ќе може да го врати победничкиот дух на Рома, но Даниеле направи многу повеќе од тоа. Откако беше назначен за тренер, Де Роси ја предводеше Рома до осум победи, две реми и само еден пораз во Серија А и стигна до петото место на табелата и со големи шанси да игра во Лигата на шампиони следната сезона.

Освен во Италија, Рома игра одлично и на меѓународна сцена. Со Де Роси на чело, Рома ги елиминираше Феенорд, Брајтон и сега Милан, па во полуфиналето на Лигата на Европа ќе игра против Баер Леверкузен.

Според италијанските медиуми, веќе е сигурно дека Де Роси и во следната сезона ќе биде на клупата на Рома, тим кој со Мурињо на чело сезонава играше очајно, а сега неафирмираниот Даниеле покажа дека може да биде одличен.

- Оглас -

Најнови вести