Лекари во Полска одбија абортус на силувано девојче со интелектуална попреченост


Болниците на североистокот на Полска одбија да извршат абортус на силувано 14-годишно девојче со инвалидитет, поради што таа морала да патува преку целата земја во главниот град Варшава за да изврши прекин на бременоста.

Лекарите во Полска имаат право да повикаат на повикување на свеста во случај на абортус, но болниците се должни да ги зивестат пациентите каде можат да добијат законски прекин на бременоста. Изгледа во овој случај тоа не се случило.

Портпаролот на министерството за здравство потврди дека локалните болници не се придржувале до правилата.

Вујкото го силувал девојчето

За случајот прва јави Федра, невладина организација која се бори за сексуалните и репродуктивните права на жените. Тие објавија дека 14-годишната девојка со интелектуална попреченост ја силувал нејзиниот вујко.

За злосторството се дознало дури кога таа останала трудна, по што случајот е пријавен во обвинителството. Иако Полска воведе речиси потполна забрана за абортус во 2021 година, силувањето и инцестот и понатаму се едни од двете околности во кои абортусот е доволен. Другата причина е закана по здравјето или животот на мајката.

Но, кога тетката на девојчето побарала помош во Подолското војводство, североисточна покраина каде живеат, локалните болници одбиле да извршат абортус.

Болниците не ги ни упатиле кај леакри кои можат да ја прекинат бременоста. Тоа ја натерало тетката да се јави во Федра, од каде оргнаизирале девојчето да се префрли во Варшава.

Опозицијата бара да се сменат законите

Опозицијата бара да се сменат законите, со цел да им се дозволи на млади девојчиња во вакви случаи да добијат право на абортус.

„Повикувањето на советса е варварски и нехуман закон кој лекарите постојано го користат. треба да се укние“, велат опозициски партии.

„Младите девојки страдаат поради вашите глупави закони“, додаваат.

Левицата му пиша на министерот за здравство Адам Њеџелски, барајќи од него да објасни „како е можно во 21 век девојка да е изложена на толку гнасно злосторзтво, а не може да ги оствари своите права, во својата покраина.

Се укажува и на уште еден озлогласен случај во 2021 година кога трудна жена почина од септички шок откако лекарите чекале нејзиниот плод, кому се дијагностицирани тешки вродени маани, прво да умре.