Search
По повод Денот на книгата и на авторското право

На Филолошки факултет „Блаже Конески“ одбележани годишниците на двајцата великани на светската литература – Шекспир и Сервантес  

Вчеравечер, славејќи го Денот на книгата и на авторското право, во аулата на Филолошки факултет „Блаже Конески“, Скопје се одбележаа годишниците на Шекспир и Сервантес, двајцата великани на светската литература. Нивните дела и ден-денес претставуваат неисцрпна ризница на инспирација за многу млади и надежни писатели.

Жосе’ Луис Лозано Гарсиа, Амбасадор на Кралството Шпанија

Шекспировата литература ја открива суштината на човечкиот однос, допира длабоко до човечката страст и емоциите. Овие безвременски теми на животот, како и влијанието врз книжевноста ги пренесе Амбасадор на ЕУ во земјава, Дејвид Гир. 

Жосе’ Луис Лозано Гарсиа, Амбасадор на Кралството Шпанија , се надоврза за книжевниот визионер зад „Дон Кихот“ – Мигел де Сервантес. Тој говореше за неговиот бурен живот, и како романот го истражува судирот меѓу идеализмот и реалноста и трајната човечка потрага по целта. 

Пред настанот, амбасадорите имаа можност да ги истражат уметничките дела низ коридорите на факултетот.

фотографии: Europe House Skopje

Најново

Последни колумни