Search

НАЈАВА ЗА ЗНАЧИТЕЛНО ПОСТУДЕНИ УТРА: На многу места во регионот, како и во Македонија ќе има појава на мраз!

Метео анализа на Славчо Попоски:

По врнежите во текот на денешниот ден, од утре следува период на стабилно, суво и сончево време, повремено со мала до умерена локална облачност.

Токму поради разведрувањето, утрата ќе бидат значително постудени, особено утре и во четврток кога минималните температури на повеќе места ќе се спуштат под нулата, односно тие ќе се спуштаат во интервалот од -5 до 3 степени, додека на високите планински места тие ќе се спуштат и под -5 степени.

Сепак максималните дневни температури на воздухот ќе бидат во пораст и во следните денови речиси насекаде тие повторно ќе надминуваат 10 степени, понекаде тие ќе се искачат и до околу 15 степени. Во централните и во југоисточните предели температурата ќе се искачи до близу 20 степени.

НАПОМЕНА: Поради ниските температури наутро, на повеќе места во регионот, како и во Македонија се очекува појава на мраз, кој секако особено лошо ќе се одрази врз веќе расцветаните овошки.

Треба да знаете
Последни објави