Во украинскиот град Днепар, 19-годишна жена се обидела да го продаде својот двегодишен син, соопшти украинската полиција.
Мајката наводно побарала милион гривни за своето дете, што е околу 23.500 евра.
Таа наводно му го понудила детето на својот познаник и договорила средба со него.
Во вторникот полицијата приведе маж додека носел пари на договорена локација.
Девојката наводно рекла дека не сака да се грижи за синот и затоа решила да го продаде.
Со парите што ќе ги добиела планирала да започне приватен бизнис.
Дит бил преземен од полицијата и предаден на властите.
Неговата мајка беше обвинета за трговија со луѓе.