„Cruel“ и „Red18“ ќе свират во „Јавна соба“

Во Јавна соба на 14 март (четврток) од 21 часот ќе се одржи концерт на составот „Cruel“, а како гости се најавени и „Red18“

„Cruel“ е алтернативен рок бенд од Скопје, кој во 2019 година се реоформи токму во Јавна соба за првото изданиe на фестивалот Андерфест. Оттогаш креира свежа македонска рокенрол музика со примеси на гранџ, пост панк, инди. Во 2022 го издадоа албумот ‘Подобар свет’ и на публиката им се претставија со сингловите ‘Ова сум јас’ и ‘Се ќе помине’. Подготвуваат нов материјал, кој за прв пат ќе биде претставен во живо на oвој концерт“, стои во најавата за концертот.

За „Red18“, пак, стои дека се бенд од Скопје кои кон крајот на 2022 година самостојно го издададоа деби албумот „Red18’s Grit“ и со тоа веднаш станаа актуелни кај помладите генерации.

„ Главниот концепт на бендот е експериментирање со алтернативни жанрови и премногу енергија на бина. Нивната нова песна ‘Единствен’ моментално е на сите радио топ-листи, а издавањето на ЕП ‘Игра’ е во тек“, се вели во најавата.