Прогнозерите сметаат дека дури девет меча може да бидат „сигурица“ во ова коло

Мечеви од Англија, Шпанија, Италија и Франција се дел од понудата за 27-мото коло на Спортска прогноза, а според досегашните типувањата, прогнозерите имаат многу слични очекувања.

Дури на девет од понудените 13 средби, еден од тимовите има над 60 отсто доверба дека ќе победи, а на седум пресметки сигурноста за победа надминува 66 отсто, односно две третини од прогнозите.

За секој кој е дел од оваа бесплатна игра, главен предизвик е да стигне до Среќна 13-ка. Прогнозерот со погодени 13 натпревари одбира еден од подароците (Смарт ТВ самсунг 55” 4K, Xiaomi електричен тротинет, PlayStation®5). Прогнозерот со погодени 12 натпревари добива ваучер од 1000 денари, а оној кој ќе погоди 11 фикса ќе стигне до ваучер од 500 денари.

- Оглас -

Најнови вести