Во ЖИВО на М Нет: Детонит Плачковица – Беласица, на М Нет Спорт. Саса – Новаци

ФОТО: Телевизија М Нет

Утре се играат натпреварите од 25. коло од Втората македонска фудбалска лига, а гледачите на телевизија М Нет ќе имаат ексклузивна можност да проследат два натпревари преку директен пренос.

На телевизија М Нет ќе може да го следите Дербито на Истокот од Радовиш меѓу екипите на Детонит Плачовица и Беласица, кое се игра на Градскиот стадион во Радовиш, а каде главен судија ќе биде Александар Василевски од Скопје.

На спортскиот канал М Нет Спорт ќе може да го следите во живо преку директен пренос соочување за опстанок меѓу Каменица Саса и Новаци, меч од капитална важност и за двете екипи. Главен судија на овој меч ќе биде Игор Иванов од Велес.

Преносот од Радовиш на М Нет, како и преносот од Каменица Саса на М Нет Спорт ќе започнат во 16 часот.

Александар Ванев, М-Нет