• Thu. May 16th, 2024

Костадинов: Со новата градежна офанзива се опфатени сите населени места

ByЃ. K.

Apr 29, 2024

Денеска во Муртино се асфалтираат 2 улици кои на собирите со граѓаните беа истакнати како приоритети, а се реализираат и приоритетите на граѓаните и во Сачево каде е завршено асфалтирањето на една улица. Утре во Банско ќе се асфалтираат 3 улици, а паралелно се работи и во Просениково на реконструкција на 2 улици.

За овој период од 6 месеци за реализација се планирани вкупно 30 улици во населените места.

Со жителите на Муртино градоначалникот Костадинов сподели убава вест за обезбедени 60 милиони денари од Министерството за животната средина за изведба на атмосферска канализација кој што е сериозен проблем во селото.

Истовремено се работи и во градот, за асфалтирање и бетонирање се подготвуваат неколку улици во Турското маало и на други локации.

By Ѓ. K.