• недела, 30 март 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Директорот на Фондот на ПИОМ, Мемов се сретна со претставници на МАПАС и друштвата за управување со задолжителните и доброволните пензиски фондови

Директорот на Фондот на ПИОМ, Мемов се сретна со претставници на МАПАС и друштвата за управување со задолжителните и доброволните пензиски фондови

Скопје, 26 март 2025 (МИА) - Директорот на Фондот на пензиското и инвалидското осигурување, Никола Мемов денеска се сретнал со претставниците на Агенција за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување - МАПАС, Дарко Саздов и Ментор Јакупи, членови на Советот на експерти на Агенцијата, како и со претседателите и на управните одбори на приватните пензиски друштва КБ прво пензиско, Сава-пензиско и Триглав пензиско друштво, Весна Стојановска, Снежана Станковиќ и Тихомир Петрески.

Како што информираат од Фондот на ПИОМ, актуелната состојба во пензискиот систем и соработката на Фондот со МАПАС и пензиските друштва, била дел од темите на кои е разговарано на денешната средба.

Директорот на Фондот, Мемов посочил дека како ново раководство во изминатиот неколку месечен период ги согледале сите процеси и состојби во Фондот. Тој потенцирал дека во наредниот период заедно со Министерството за социјална политика, демографија и млади треба да се разгледаат можностите за донесување на мерки со кои ќе се подобрат и зголемат приходите во Фондот.

Претставникот на МАПАС, Дарко Саздовски потенцирал дека тие имаат доставено повеќе иницијативи до Министерството за финансии и Владата за подобрување на ситуацијата и зголемување на можностите за инвестирање на приватните пензиски друштва, што ќе придонесе во зголемувањето на нивните профити, а во интерес на сите осигуреници, корисници на вториот столб. Саздов истакнал дека се многу задоволни што и од Фондот се пројавува интерес за соработка. Тој посоил дека сите инволвирани страни можат да придонесат во подобрувањето на пензискиот систем со заеднички напори и предлози.

Претставниците на друштвата посочиле дека тие во дведецениското работење се имаат стекнато со знаење и имаат капацитет да предложат мерки кои би можеле да се преточат во политии, а се со цел поефикасен систем, со што сегашните осигуреници, а идни пензионери, ќе имаат пензии кои ќе им овозможат пристоен и мирен живот. фф/дма/

Фото: Фонд на ПИОМ

Остани поврзан