Украина може да ја изгуби војната, потребни се преговори

Украина може да доживее целосен пораз во конфликтот со Русија и да загуби уште повеќе отколку што веќе изгуби, предупреди унгарскиот премиер Виктор Орбан.

Во разговор со поранешниот австриски канцелар Волфганг Шисел, објавен во новото паневропско списание European Voices, Орбан вели дека Украина треба да размисли за преговорите наместо да продолжи со воените операции.

Според унгарските медиуми, во дискусијата, која се одржала во официјалната резиденција на Орбан, двајцата не се согласиле за многу прашања, вклучително и за конфликтот во Украина.

„Пред сè, мора да има прекин на огнот бидејќи веќе нема разумна дискусија меѓу Русите и Западот“, рече Орбан.
Шисел тврди дека моменталниот прекин на огнот ќе биде еднаков на пораз на Украина, на што унгарскиот премиер одговори: „Украинците може да изгубат повеќе од она што веќе го изгубиле: може да ја изгубат војната“.