Гостивар е лекот за шампионот МЗТ!

Фото: КК Гостивар/Фејсбук

Дојде крајот на серијата од десет победи на шампионот МЗТ и тоа на гостувањето во Гостивар каде што „штрковите“ беа поразени со 88:69.

Гостивар е единствениот тим кој го победи МЗТ и тоа му успеа во двата одиграни натпревари сезонава. До победата Гостиварци стигнаа со одличната игра во второто полувреме во кое МЗТ постигна само 29 поени.

Стартот на натпреварот донесе слаба ефикасност и на двете страни, а првото поголемо водство го имаа гостите кои поведоа со 29:38. Сепак, тоа не траеше долго бидејќи Гостивар со две тројки на Ефремовски се врати во игра. На полувреме се замина со изедначен резултат 40:40.

Второто полувреме донесе далеку подобра игра на домаќините, МЗТ лесно губеше топки и слабо реализираше, додека на спротивната страна мотивираните гостиварци градеа предност којa има донесе победа.

Најефикасен со 25 поени и седум скока во редовите на Гостивар беше Пипкинс, следуваше Корсантиа со дабл-дабл од 21 поен и 13 скока. МЗТ со 16 поени и девет скока го предводеше Бурсаќ, 12 поени додаде Дамјан Стојановски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот