Вашингтон: Уште не сме утврдиле кој е одговорен за уривањето на браната „Нова Каховка“

бела куќа фото МИА

САД не негираат дека руските сили може да се одговорни за уривањето на браната „Нова Каховка“ на реката Дњепар, но сѐ уште немаат утврдено чија е одговорноста за тоа, изјави Џон Кирби, портпаролот на американскиот Национален совет за безбедност во Белата куќа.

-Знаеме само дека има многу загинати. Иако, ова се рани извештаи и не можеме да специфицираме. Руските сили лани незаконски ја презедоа браната и хидроцентралата и незаконски ги окупираат, рече тој, додавајќи дека САД прават сѐ што можат да ги потврдат извештаите за жртвите.

-Работиме со Украинците да се соберат повеќе информации. Но не можеме да кажеме конкретно што се случило, изјави Кирби.

„Тоа што е јасно е дека штетата за украинскиот народ е значителна. Браната обезбедува вода како за наводнување на регионот и за наводнивање на Крим, така и за хидроелектраната, но и за нуклерната централа Запорожје, рече тој, наведувајќи дека САД со олеснување ја примиле веста од директорот на Меѓународната атомска агенција дека нема непосреден ризик по безбедоста на нуклеарката.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот