Поврзете се со нас

Шпанија

Потпретседателот на Барса објасни зошто Чави решил да остане тренер и наредната сезона

Објавено

на

Foto:twitter.com/FCBarcelona

Чави Ернандес почна да ја менува реториката за својата одлука да си замине од Барселона и во последните две недели остави подотворена врата за менување на истата, а вчеравечер пристигна официјална потврда дека легендарната на клуоб ќе го доработи договорот и ќе остане до 2025-та година.

Три месеци откако соопшти дека е најдобро време да си замине од Барселона, Чави беше премислен од страна на Жоан Лапорта и неговите најблиски соработници, а еден од оние кои најмногу навиваа за Чави беше потпретседателот на клубот, Рафа Јусте.

Човекот со одговорна функција во клубот директно влијаел во преговорите кои вчера кулминираа со носење на дефинитивна одлука, по која стана јасно дека Чави сепак ќе го доврши проектот кој го почна пред две ипол години.

– Чави детектираше огрома страст од страна на сосиосите од четвртфиналето во Лигата на шампионите и затоа реши на крајот да продолжи. Зборот кој ја направи разликата се нарекува „страст“. Исто така, тој сака да отане доследен на проектот и да покаже посветеност. Тој ни покажа дека останува посветен на клубот, а на состанокот со Лапорта си ги разменија своите гледишта.

– Чави е човек на Барселона, тој е од овој дом и познава како функционира клубот. Многу ми е мило што реши да остане и сигурен сум дека ќе оствари нови успеси. Во ноември ќе се вратиме на „Камп Ноу“ и посебно се радувам што Чави ќе биде тука кога ќе се вратиме на нашиот стадион. Сакаме повторно да испишеме историја и тоа ќе го направиме со Чави, – изјави Рафа Јусте.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни