НовостиСветот на работникот

ВО ВИЕНА СЕ ОТВОРААТ ИЛЈАДНИЦИ РАБОТНИ МЕСТА – Еве што најмногу бараат

   Време за читање 1 минута

Според актуелните податоци, Градот Виена има во план да вработи 67,000 лица и со тоа спаѓа меѓу најголемите работодавачи во покраините и е во конкуренција со многу други компании кога станува збор за вработување на доборо обучени и талентирани кадри.

До 2030, ќе бидат ослободени 21,000 работни места.

Новините во областите на заштитата на климата, техниката, развојот на населението и пензионирањето, покрај пополнувањето на постоечките работни места, создаваат и нови деловни сектори. Градот Виена сега најмногу бара работници за во техничките професии, во областите на заштита на животната средина, обновливи извори на енергија, педагогија и социјлен сектор.

Покрај тоа, на 23 мај ќе организира голем Саем за вработување кој ќе трае од 9 до 19 часот во општинската зграда. Саемот ќе биде поделен на пет области за кои Виена бара соодветни кадри:

  1. Здравство,
  2. Педагогија и социјални прашања,
  3. ИТ, техника и заштита на климата,
  4. Инфраструктура, уредување и безбедност,
  5. Градска управа и услуги за граѓаните.

„Работните места во градската управа се разновидни, од работа во природа до многу социјални, технички и дигитални области во кои нудиме класични, но и иновативни работни места. Можностите за напредување се одлични, а сигурноста на работата, нејзината компитабилност, слободното време за семејството зборуваат за себе“, нагласил градоначалникот на Виена, Михаел Лудвиг.

Извор: BIZLife

Фото: Unsplash