„Миовски изгина на терен со Селтик, не можеше да помогне до крај, но не е повреден“

Бојан Миовски одигра уше еден извонреден натпревар за Абердин, постигнувајќи гол во ремито од 3-3 против големиот Селтик во полуфиналето од ФА Купот на Шкотска.

Македонецот со рутински погодок стрелаше за рано водство на Абердин од 0-1, неговиот тим на крајот загуби во пенал-рулет, но Миовски не го дочека крајот на теренот откако се пожали на повреда и мораше да биде заменет. Врз нашиот голгетер во текот на денешниот ден биле извршени детални прегледи кои покажале дека не станува збор за сериозен проблем.

„Со Бојан се е во најдобар ред. Тој изгина на терен со Селтик, даде се од себе и на крајот не можеше да ни помогне бидејќи имаше силни грчеви. Добра вест е што не е повреден, па ќе биде во тимот за наредните натпревари до крајот на сезонава“, изјави стратегот на Абердин, Питер Левен.

Ова беше 24. погодок за Бојан Миовски сезонава во сите натпреварувања, па јасно е зошто Македонецот е се повеќе во фокусот на вниманието на Селтик и Глазгов Ренџерс во пресрет на летниот преоден рок. Сумата од пет милиони фунти што Абердин ја бара за Миовски веќе не делува така висока, ако се земе во предвид каква сезона има Бојан.

Се вчитува...