Криминалец приведен и вратен во затвор за доиздржување на казната

КПУ Затвор Скопје/Фото: МИА

Полицијата од Оперативен тим потраги при СВР Скопје вчера во 23.30 часот на ул.„Гвадалахара” во Скопје го лишила од слобода А.Р.(48) од Скопје.

Тој бил осуден на казна затвор од девет години и шест месеци за сторени кривични дела „разбојништво” по член 237 и „запуштање и малтретирање малолетно лице” по член 201 од Кривичниот законик, а бил баран по централна потерница по наредба на Казнено-поправната установа Затвор Куманово за доиздржување две години и пет месеци од казната, соопшти МВР.

Лицето ќе биде спроведено во установата за доиздржување на казната.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот