ТЕРА

REKLAMA???

ОБЕЛЕЖУВАЊЕ НА ПЕШАЧКИТЕ ПРЕМИНИ СО ПЛАСТИЧНА МАСА

Јавното претпријатие за паркирање, продолжува со обележување на пешачките премини на повеќе сообраќајници во градот, соопштија од Општина Битола.

Бележењето со пластична маса, вчера покрај во текот на денот продолжи и во вечерните часови на улицата „Димитар Илиевски Мурато“, а се работеше и кај Камен мост и на други локации.

Од општината велат дека ваквиот начин на работа има за цел да обезбеди поголема трајност на обележаната хоризонтална сигнализација, а со тоа да придонесе и за зголемување на безбедноста на сите учесници во сообраќајот.

Фото: Општина Битола