Македонија е горда на светските прваци од Dancers United!

Во Варшава, Полска од 27 до 29 април се одржа Светското првенство во латино танци каде танчерите на Dancers United се вратија со вкупно 25 медали.
Ова е исклучителен успех за сите наши танчери кои беа дел од светската латино сцена, за клубот и за нашата Македонија.

Нашите резултати, седум златни медали, десет сребрени и осум бронзени медали освен што покажуваат дека сме на вистинскиот пат и го потврдуваат нашиот успех во латино танците на светско ниво, дополнително ја засилува нашата посветеност кон танцот и понатамошното вложување во идните поколенија танчери.
Ја претставивме нашата држава на највисоко ниво, а Македонија секоја година сè повеќе и повеќе станува силен конкурент на светската сцена на што сме особено горди.


Три дена колку што траеше Светското првенство во Варшава, Dancers United и Македонија беа вистински репрезенти на македонската култура и уметност. Официјален судија од Македонија беше Сара Кочан.

WADF Warsaw Championship 2024 за Dancers United ќе биде забележан како натпревар на кој целиот тим има минимум по еден златен медал. На овој натпревар од светски рамки во кој учествуваа 22 држави бевме поддржани од Министерството за култура.


Ова се наградените:
Златен медал
–Passion and Youth – Група Синхро Танц Латино – Младинци и Возрасни
–Vintage Chic – Група Латин Шоу – Јуниори
– Bringing the disco Back – Група латин шоу – мини кидс
–The DS Crew Carribean – Инклузивна мала група
–Over the Rainbow – The DS Crew – Инклузивна голема група
– Willy Wonka, Су Али – Соло латин шоу мини кидс
– Coco Chanel, Нина Спасовска – Соло латин шоу јуниори 1
Сребрен медал
– Suit & Slay – Група латин шоу – Младинци & Возрасни
– Анастасија Бановиќ и Никола Дамовски – Самба – Парови Младинци & Возрасни
– Анастасија Бановиќ и Никола Дамовски – Џајв – Парови Младинци & Возрасни
– Анастасија Бановиќ и Никола Дамовски – Румба – Парови Младинци & Возрасни
–Су Али – Џајв – Соло Мини кидс
–Су Али – Ча ча ча – Соло Мини кидс
–Су Али – Самба – Соло Мини кидс
– ABBA – Ангела Николиќ & Михаела Филипова -Латин шоу дуо – Младинци & Возрасни
– The White Rabbit – Луна Дариа Кочан – Соло латин шоу мини кидс
– Emiy in Paris – Емили Нера Кочан Соло латин шоу деца 1
Бронзен медал
– Ангела Николиќ – Пасо Добле – Соло јуниори 1
– Анастасија Бановиќ и Никола Дамовски – Ча ча ча – Парови Младинци & Возрасни
– Луна Дариа Кочан – Џајв – Соло Мини кидс
– Луна Дариа Кочан – Самба – Соло Мини кидс
– Анастасија Бановиќ и Никола Дамовски – Пасо добле – Парови Младинци & Возрасни
– Јоана Поп Арсовска – Румба – Соло мини кидс
– Rapunzel – Јоана Поп Арсовска – Соло латин шоу мини кидс
– Athena and Medusa – Нина Андоновска & Тима Муминовиќ , Дуо латин шоу јуниори

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Хороскоп за утре за сите хороскопски знаци: Прочитајте што не советуваат ѕвездите за утре, 17.05.2024 година, во врска со работата, љубовта и здравјето

Овен Работа: Последниот ден од работната недела може да биде еден од постресните за Овенот. …