Денеска на верскиот празник Цветници, една недела пред најголемиот православен празник Велигден, Драчево, Кисела Вода и Скопје добија уште едно гигантско обележје, се освети 63 метри високиот крст во Драчево, во Паркот на бранителите.

– Симболот на кој бил распнат Исус Христос денеска е симбол на љубовта, мирот и благосостојбата, порача поглаварот на МПЦ-ОА г.г. Стефан кој го водеше осветувањето на овој нов православен објект во Скопје.

Обраќање имаше и претседателот на Светскиот македонски конгрес (СМК) Тодор Петров:

– На денот кога Исус Христос за последен пат влегов во Еурасалим, на една недела до неговото воскресение, овој крст претставува најголема молитва кон Бога, рече Петров.

Градоначалникот на Кисела Вода, Орце Ѓеорѓиевски порача дека погледот кон небото во Драчево повеќе нема да биде ист.

За драчевчани овој симбол претставува еден убав ден за православието, обединувањето, љубовта и благосостојбата, како еден предевсник за Велигден кој е се поблиску.

Крстот висок 63 метри е 12-ти најголем во светот и втор во Македонија, по Милениумскиот на планината Водно. Има распон од 34 метри, конструкцијата му е челична и се темели врз 12 шипови, плус 4 кои одат 16 метри во длабочина поради статика, а излеани се и 720 тони бетон од кои најмногу се под земја.

Инвеститор е Светскиот македонски конгрес.

Извор: ТВ Канал 5