• сабота, 15 март 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Скај њуз: Зеленски верува дека постојат добри шанси за крај на војната

Скај њуз: Зеленски верува дека постојат добри шанси за крај на војната

Киев, 14 март 2025 (МИА) – Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска изјави дека гледа „добра шанса“ за завршување на војната со Русија, во контекст на 30-дневниот прекин на огнот предложен од Украина и САД.

Москва, сепак, инсистира на исполнување одредени услови за примирјето, вклучувајќи запирање на регрутацијата во украинската армија и стопирање на воената помош од Западот, изјави неименуван украински владин извор за „Скај Њуз“.

– Американците понудија безусловно примирје од 30 дена, а Украина се согласи на тоа. Русија треба да го прифати истото. Наместо тоа, Путин поставува дополнителни барања, што го сметаме за обид за одолговлекување на ситуацијата, додаде изворот.

Зеленски ги повика САД и сојузниците да продолжат со притисок врз Москва за да не дозволат процесот да се претвори во бесконечни преговори без реални резултати.ссм/

фото: архива

Остани поврзан