Анчелоти: Мојот тим психички се распадна

Карло Анчелоти останува последниот тренер чија екипа го победила Арсенал во Лондон во Лигата на шампионите, но за разлика од дуелот со Баерн, кој го доби со 5-1, вечерашниот со Реал Мадрид го загуби со убедливи 0-3.

„Еден час тимот беше добар, а потоа многу скапо ги плативме головите од слободни удари. Тимот психички падна, ова е тежок пораз, особено поради она што не можевме да го направиме во второто полувреме, откако добро се снајдовме во првото. На реваншот ќе биде многу комплицирано, но сме правеле големи пресврти, ќе се обидеме повторно. Ќе мора да се бориме од првата до последната минута“, рече Анчелоти, за кого ова беше 50-ти пораз на клупата на Реал кој сезонава има дури 11 порази, а целата претходна сезона имаше само два.

Инаку Арсенал никогаш не бил елиминиран откако првиот меч го добил со три гола разлика. Реал, кој досега на три дуели за 270 минути игра нема дадено гол против Топчиите, во елитното клупско натпреварување само во далечната во 1976 година успеал да надомести минус од три разлика, и тоа против Дерби каунти.

- Оглас -

Најнови вести