Излезноста на гласање за претседателските избори до 11 часот е 12, 78 %, информираат од ДИК

171

Излезноста на првиот круг од претседателските избори, до 11:00 часот, по обработени 99% од податоците, изнесува околу 12,78%, соопшти Државната изборна комисија.

Според податоците објавени на интернет страната на ДИК, поголема излезност се бележи во Демир Капија (24%) и Градско (20%), а помала во Боговиње (5%) и Маврово Ростуша (4,5%).

Во скопските општини како во Ѓорче Петров забележана е излезност над 17 отсто, додека во Шутка досега се забележани 6 %.