Капитенот на Реал се сели во Серија А?!

Екипата на Интер ја освои 20-тата титула во Серија А, за што тренерот Симоне Инѕаги беше награден со нов договор, а сега управата на Нераѕурите му подготвува уште едно пријатно изненадување, налето ќе му го донесе капитенот на Реал Мадрид како адут во атакот на трофејот во ЛШ идната сезона.

Според италијанските медиуми, Инѕаги на спортскиот директор Џузепе Марота му порачал дека сака на „Џузепе Меаца“ да пристигне капитенот на Кралевите, Начо Фернандес.

Договорот на Начо со Реал Мадрид истекува на крајот од сезоната и фудбалерот веќе му порача на претседателот Флорентино Перес дека нема да го продолжи договорот и дека сака нов предизвик во кариерата.

Наводно веќе е остварен контакт меѓу Марота и агентот на Начо и средбата поминала во позитивна атмосфера, поради што медиумите тврдат дека Шпанецот во летниот преоден рок ќе потпише за Интер.

- Оглас -

Најнови вести