Која намирница може да помогне во намалувањето на лошиот холестерол?

Која намирница може да помогне во намалувањето на лошиот холестерол?

Според едно истражување спроведено на неколку американски универзитети, кај учесниците кои јаделе по едно авокадо дневно во текот на шест месеци било забележано намалување на нивото на лошиот холестерол.

Која намирница може да помогне во намалувањето на лошиот холестерол?

Ова истражување се обидело да утврди дали консумирањето авокадо може да помогне во намалувањето на телесната тежина, индексот на телесна маса и обемот на половината.

Од 1.000 учесници со прекумерна тежина, на половина им било дадено по едно авокадо дневно, додека другата половина биле охрабрени да продолжат со вообичаената исхрана. Иако испитувањето не покажало дека редовното консумирање на авокадо има ефект врз стомачните масти, мастите на црниот дроб и обемот на половината, сепак разликите биле очигледни во поглед на пониските нивоа на т.н. лош холестерол.

Познато е дека телото произведува два вида холестерол – липопротеини со висока густина (HDL) и липопротеини со мала густина (LDL). ХДЛ е познат како „добар“ холестерол и може да ви помогне да се ослободите од „лошиот“ ЛДЛ холестерол во крвта, кој може да се акумулира во вашите артерии.

Според Американското здружение за срце, исхраната богата со заситени масти може да го зголеми ЛДЛ холестеролот, што го зголемува ризикот од развој на кардиоваскуларни болести.

Од друга страна, авокадото е полно со мононезаситени масти кои помагаат да се намали нивото на ЛДЛ холестерол, што, пак, го намалува ризикот од кардиоваскуларни болести.

Друга студија објавена во списанието на Американското здружение за срце покажала дека честото консумирање авокадо е поврзано со помал ризик од кардиоваскуларни и коронарни срцеви заболувања – особено кога се заменува со друга храна која содржи масти.

Иако едно авокадо има 322 калории, тоа е и богато со влакна за кои е познато дека го апсорбираат холестеролот од крвотокот и го исфрлаат надвор.

Според нутриционистот Кристина Петерсон, внесувањето најмалку 30 грама влакна дневно во организмот може да помогне и во контрола на тежината, намалување на крвниот притисок и подобрување на нивото на инсулин во телото. Истражувачите, исто така, заклучиле дека за оние кои јаделе по едно авокадо дневно, квалитетот на нивната исхрана значително се подобрил. Ова е важно со оглед на тоа дека поквалитетната исхрана е поврзана со помал ризик од неколку болести, вклучително и срцеви заболувања, дијабетес тип 2 и некои видови на рак.

Откако прочитавте за влијанието на авокадото во намалувањето на лошиот холестерол, можеби ќе сакате да прочитате и кој вид млеко може значително да го намали ризикот од покачен холестерол.

Извор: citymagazine.danas.rs


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Вљубеничка во книжевноста, музеите и патувањата. Исто како и Борхес, рајот си го замислува како огромна библиотека.

Поврзани содржини

Остави коментар