Тен Хаг: Каква срамота? Па ние сме во финалето на ФА Купот

Манчестер Јунајтед се пласираше во финалето на ФА Купот откако во драматичен натпревар против Ковентри славеше по изведуваше на пенали. „Црвените ѓаволи“ имаа предност од 3-0 до 71. минута пред второлигашот да се избори за реми во регуларниот дел од средбата.

Тренерот на Манчестер Јунајтед, Ерик тен Хаг повторно доби критичко настроено прашање на преконференцијата за медиуми дали смета дека е срамен начинот на кој неговиот тим се пласираше во финалето, прашање на кое имаше интересен одговор.

„Нема ништо срамно во тоа. На крајот на денот значи достигнувањето. Јасно ми е дека не можеме да не се соочиме со грешктие кои ги направивме, но не е срам, тоа е големо достигнување за нас. Успеавме да стигнеме до второ финале за две години со сите тешкотии што ги имавме, а по овие 3-3 критиките воопшто не ме загрижуваат. Тоа што навистина ме загрижува е што ги имам на располагање сите играчи, што не се случи во текот на овие 18 месеци. Можам да го видам тоа и поинаку, но не можам да ја трошам мојата енергија, морам да бидам реален и да ги ротирам играчите“, изјави Тен Хаг.

Се вчитува...