СЕРИЈА ЗЕМЈОТРЕСИ ВО ХРВАТСКА: Тлото не се смирува, граѓаните вознемирени

354

Синоќа во 19:23 часот земјотрес со јачина од 2,9 степени според Рихтеровата скала е почувствуван во Риека, јави ЕМСЦ. Корисниците на мрежите тврдат дека почувствувале тресење на земјата кое траело неколку секунди.

Според коментарите, земјотресот особено бил почувствуван во Гробник.

„Како да имаше две експлозии, една по друга!“, „Навистина ме исплаши“, се дел од коментарите во ЕМСЦ, пренесува Јутарњи лист.

Набргу по првиот, почувствуван е втор малку послаб земјотрес.

ЕМСЦ извести дека земјотресот со јачина од 1,3 степени според Рихтеровата скала бил со епицентар на пет километри од Риека, а се случил синоќа околу 20:55 часот. Регистрирани се уште три помали земјотреси: еден со јачина од 1 степени според Рихтеровата скала, друг со јачина од 1,4 степени според Рихтеровата скала, кој се случил нешто по полноќ, како и друг со јачина од 1,1 степени според Рихтеровата скала. се случи во близина на Логатец во Словенија.