Промоција на книгата Casa Encantada на колективот Kasa Invisivel од Бразил

Денес со почеток во 19:30 часот во Социјалниот центар Дуња во Скопје, ќе се одржи промоцијата на книгата Casa Encantada, на колективот Kasa Invisivel од Бело Хоризонте, Бразил, како дел од нивната европска турнеја за промоција на нивната книга. На промоцијата ќе се разговара за борбата за простори за домување.

Бело Хоризонте е дом на најмалку 100 000 луѓе кои живеат во окупирани згради, куќи и територии, како и место на еден од најголемите територијални конфликти во Латинска Америка.


Во книгата се претставени илустрации, фотографии и интервјуа со членови на колективи од окупациите низ Бело Хоризонте во периодот меѓу 2022 и 2023. Документирани се околу 20 напуштени куќи кои биле трансформирани во социјални и културни простори за бездомниците и најранливите групи за време на пандемијата.

Преку дискусиите кои ги повлекува книгата, членовите на колективот се стремат кон проширување на контекстот на окупациските или сквотерските движења, борбата за земја и домување во Бело Хоризонте, со цел поттикнување интернационални врски и солидарност.


 

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Хороскоп за утре за сите хороскопски знаци: Што не советуваат ѕвездите за утре, 20.05.2024 година, во врска со работата, љубовта и здравјето

Овен Работа: На Овенот му претстои одличен почеток на работа. Соработниците би можеле да ви …