Унион Берлин и Борусија Дортмунд се перфектни во 2023 година

Унион Берлин и Борусија Дортмунд ги забележаа и четвртите победи во низа во Бундес-лигата од почетокот на 2023, останувајќи сериозни ривали на Баерн Минхен во трката за титулата.

Унион Берлин славеше на домашен терен над Мајнц со 2-1, уште едно одлично издание на овој тим, кој дефинитивно е најпријатно изненадување во фудбалска Германија сезонава. Берлин прв поведе преку Бехренс во 32. минута, Мајнц израмни од пенал во 78. минута, но Унион пак собра сили за офанзива и втор гол, што Сиебачеу го постигна за огромна радост на домашните фанови.

Борусија Дортмунд со импресивна партија го декласираше Фрајбург со 5-1, но мора да се истакне дека гостите од 17. минута беа со играч помалку на теренот по црвениот картон на Сидилиу. Дефанзивецот Шлотербек го отвори гол-шоуто во Дортмунд, гостите израмнија на 1-1 пред самиот крај на полувремето, за во вториот дел „милионерите“ да постигнат уште четири погодоци, преку Адејеми, Але, Брант и Реина.

Коло Муани беше стрелец на два гола во победата на Ајнтрахт од 3-0 над Херта, додека Лајпциг не успеа да ја продолжи победничката серија, ремизирајќи 0-0 на гостувањето во Келн.

Унион Берлин моментно е лидер во Бундес-лигата со 39 бода, пред Баерн Минхен и Борусија Дортмунд со по 37, со тоа што баварскиот гигант утре ќе го игра својот меч од ова коло, на гостински терен против Волфсбург.

 

Резултати Германија:

Келн – Лајпциг 0-0, Борусија Д. – Фрајбург 5-1, Ајнтрахт – Херта 3-0, Ун. Берлин – Мајнц 2-1, Бохум – Хофенхајм 5-2.

Се вчитува...