Зеленски објави дека Русија синоќа ја нападнала Украина со 50 проектили и 20 дронови

220
Фото:принтскрин/Х

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека Русија во текот на ноќта лансирала 50 ракети и 20 беспилотни летала врз украинската инфраструктура.

Шефот на воздухопловните сили изјави дека противвоздушната одбрана соборила 39 ракети и 20 дронови.

Рускиот воздушен напад предизвика сериозни оштетувања на опремата во три термоелектрани, соопшти најголемата украинска приватна електроенергетска компанија ДТЕК.

„Опремата е сериозно оштетена. „Енергетските инженери во моментов работат на отстранување на последиците од нападот“, соопшти компанијата.

Шефот на Лавовската област објави дека е зафатена енергетската инфраструктура во тој град. Како резултат на ракетниот напад избувнал пожар на генераторот. Нема жртви.