еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Комерцијална банка воведе тактилни платежни картички за лицата со оштетен вид

Комерцијална банка АД Скопје воведе тактилни платежни картички, кои ќе им помогнат, пред се, на слепите лица и лицата со оштетен вид полесно да ги идентификуваат и да ги разликуваат нивните платежни картички.

„Тактилните платежни картички се разликуваат од постоечките по својот облик со тоа што имаат посебни засеци, и тоа заоблен засек кај дебитните и квадратен засек кај кредитните платежни картички.

Комерцијална банка постепено ќе ги направи тактилни сите платежни картички од своето портфолио.

Во рамките на своите заложби за поголема безбедност и инклузивност на лицата со посебни потреби, Банката овозможи сите слепи лица да можат бесплатно да ја заменат постоечката дебитна и кредитна платежна картичка од од Комерцијална банка со тактилна картичка,“ велат од Банката.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

На новинарите им е забранет пристапот до црквата Свети Спас, ЗНМ со остра реакција

Редакција

(Фото) Воспоставена авиолинијата Скопје-Сараево: ТАВ и Aegean прославија со своите патници

Редакција

Поднесено обвинение за напаѓачот на новинарската екипа на ТВ Алсат во Скопската чаршија

Редакција