Муцунски за ТВ21: ВМРО-ДПМНЕ ќе има најмалку 55 пратеници во идниот собраниски состав

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Тимчо Муцунски од ВМРО-ДПМНЕ во изјава за ТВ21 истакна дека тие како партија се многу задоволни од изборните резултати.

Тој вели дека првичните резултати покажуваат дека водат 3:1.

„По моја лична процена, ВМРО-ДПМНЕ ќе има најмалку 55 пратеници во идниот собраниски состав, а има и такви во нашиот аналитички центар што велат дека можно е да се приближиме на бројот 60 ама да оставиме што ќе покажат резултатите до крајот на вечерта“, порача Муцунски.

Муцунски вели дека бојкот на ДУИ, како нација го победиле.

„Граѓаните сакаат промена на власта“, додаде Муцунски.