Навивачите на Денвер се „нафрлија“ на Јокиќ… (ВИДЕО)

Минесота славеше со 80-106 против Денвер и со два „брејка“ дојде до голема предност од 2-0 во серијата во полуфиналето на Западот против минатогодишниот шампион.

Разочарани од играта на своите миленици и големиот резултатски минус, добар дел од навивачите уште на почетокот од четвртиот период ја напуштаа салата. Оние другите, пак, почнаа да навиваат и за гостинската екипа.

„Ајде волци“ – можеше да се слушни скандирање од домашните навивачи во еден од нападот кога и самиот кошаркар на Минесота, Ентони Едвардс беше изненаден од сето тоа.

Не беше поштеден ниту Никола Јокиќ кон кого се нафрлија домашните навивачи, со скандирања „Едвардс е МВП“.

Познато е дека Јокиќ се очекува официјално да биде прогласен за МВП по третпат во кариерата на 9. мај.

Се вчитува...