Кај кампот Винојуг Гевгелија пронајдена артилериска граната

156

На 27.04.2024 во Полициската станица Гевгелија било пријавено дека во близина на камп „Винојуг“ во Гевгелија била пронајдена експлозивна направа. Следниот ден бил извршен увид на местото и било констатирано дека се работи за артилериска граната калибар 75 мм, која потекнува од Првата светска војна. Граната била безбедно подигната од местото.

На 28.04.2024 во 19.00 часот во Полициската станица Гевгелија било пријавено дека на стар локален пат од Гевгелија кон село Богородица, настанал пожар во патничко возило „мерцедес“ со гевгелиски регистарски ознаки во движење, управувано од К.Л.(52) од Гевгелија. Од екипа на Територијалната противпожарна единица Гевгелија пожарот бил изгаснат, а повредени лица нема.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземање авторски текстови и фотографии од ©DRNKA.MK е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.