• четврток, 02 мај 2024

Мециновиќ: Изборниот ден за првиот круг од претседателските избори помина со низа недоследности

Мециновиќ: Изборниот ден за првиот круг од претседателските избори помина со низа недоследности

Скопје, 24 април 2024 (МИА) - Портпаролот на „Левица“ Амар Мециновиќ на првата прес-конференција по затворањето на гласачките места меѓу забелешките посочи дека во избирачките списоци се уште има луѓе што се починати со право на глас, а укажа и на, како што рече, притисоци од одредени политички партии во помали места во државата.

- Во некои помали места се вршеа притисоци од одредени политички партии. Од друга страна има граѓани кои се со живеалиште во Македонија и цел живот се во Македонија, а беа на списоци со иселеници. Избирачкиот список многу починати луѓе ги предвидува како гласачи, а на луѓе со право на глас им било ускратено правото да гласаат, рече Мециновиќ.

Тој додаде дека поради проблеми со фингер принтот на некои места било успорено гласањето и затоа на тие избирачки места ќе има продолжено гласање.

- Дефинитивно народот е охрабрен со зголемената излезност и затоа очекуваме позитивни резултати, рече Мециновиќ.

Се очекува прес-конференција да одржи кандидатката за претседател на Левица, Билјана Ванковска. вг/бак/

Фото: МИА 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан